ЦЕМЕНТАРНИЦАТА УСЈЕ АД соопшти дека донира 50.000 евра за набавка на медицинска опрема за Министерството за здравство.
ВО Србија денеска регистрирани се вкупно 72 потврдени случаи на заразени со корона вирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“.
ВКУПНО четворица доктори од Универзитетскиот Клинички центар во Загреб се позитивни за новиот корона вирус, тројца од кардиологија и еден од неврологија.
МИНИСТЕРКАТА за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави видео од касарната Пепелиште на Криволак, каде ќе биде првиот прифатен пункт за изолација на наши граѓани кои се враќаат од држави со висок ризик.
УНИЦЕФ со демант откако низ социјалните мрежи се проширија инструкици за превенција од корона вирусот во нивно име.
МИНИСТЕРОТ за здравство одржа уште една прес конференција во 19,00 и одговараше на прашања на новинари.
ЕВРОПСКОТО фудбалско првенство што требаше да се одржи од 12 јуни до 12 јули, се поместува за наредната година. Ова е најважната одлука што беше донесена попладнево во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, со цел националните шампионати, кои се прекинати поради пандемијата на коронавирус, да може да завршат ова лето.
АЛБАНСКИОТ претседател Илир Мета, на неговиот македонски колега Стево Пендаровски, му ја честитал ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на шпанскиот Парламент и неговото потпишување од страна на кралот Филип.
ВЕЧЕРВА претседателот Стево Пендаровски изјави дека „вонредната состојба може да дојде на маса, не за носење мерки кои ќе го спречат ширењето на вирусот, туку за справување со економската ситуација, бидејќи во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила.“
ОТКАКО на денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче еден од присутните новинари во салата го праша министерот што станува со оние кои сакаат перодов да реновираат, на социјалните мрежи се разви широка дебата околу поставеното прашање.