ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Вонредната состојба е можна за да се справиме со економската ситуација

Шефот на државата посочи дека вонредната состојба дава и една правна сигурност, бидејќи, како што рече, ова што досега го прави државата со тоа што ограничува угостителство и движење е повреда на основни човекови слободи и права.

March 17, 2020 20:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вонредната состојба може да дојде на маса, не за носење мерки кои ќе го спречат ширењето на вирусот, туку за справување со економската ситуација, бидејќи во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски.

Тој посочи дека полека влегуваме во сериозна економска криза и дека веќе се огромни се економските штети од фирмите и дуќаните кои не работат.

– Последната проценка на Светка банка за овој квартал е дека ние можеме да се надеваме на раст од максимум од 0,6 до еден процент. Нивната проценка претходно беше меѓу 3,5 и 3,8 проценти и тие велат со тенденција и тоа да не биде така, што значи ние ќе влеземе во рецесија ако не преземеме нешто. Што е проблемот. Ако имате вонредна состојба, во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила. Владата владее и може да се задолжува на светскиот пазар, затоа што и е јасно дека сегашната буџетска поставеност на долг рок не може да издржи. Задолжувањето на државата кај нас се прави преку закон, како да направиме закон кога Собранието не постои, изјави Пендаровски во гостувањето во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Според првичните проценки, посочи тој, на една од стопанските комори, дека ако продолжи ова темпо ќе ни бидат потребни позајмици во висина од 500 до 700 милиони евра.

– Тие пари ги немаме и мора да се задолжиме. Нема начин да се задолжите ако Собранието не работи или ако нема вонредна состојба во која Владата ќе го бајпасира Собранието во овој сегмент. Апсолутно е јасно дека македонскиот буџет никогаш не можел да издржи ваков огромен товар. Тоа е јасно, изјави Пендаровски.

Шефот на државата посочи дека вонредната состојба дава и една правна сигурност, бидејќи, како што рече, ова што досега го прави државата со тоа што ограничува угостителство и движење е повреда на основни човекови слободи и права.

– Луѓето кои тоа го применуваат на терен, велат дајте ни правен основ, бидејќи ние во моментов објективно во некои делови ги редуцираме човековите слободни и права, а тоа не е возможно освен ако немате воена или вонредна состојба. Никој не сака утре да одговара. Во тој дел вонредната состојба дава правна сигурност, потенцира Пендаровски.

Next Post

21: Медицински персонал заразен со корона вирус, Уницеф против дезинформациите, УСЈЕ со донација за здравството, Европското првенство одложено

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk