ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Оставете го новинарот реновирач на мир!

Министре, а смееме ли да гаргараме со оцет и гоџи бери?

March 17, 2020 20:14
in АХА!, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Откако на денешните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче еден од присутните новинари во салата го праша министерот што станува со оние кои сакаат периодов да реновираат, на социјалните мрежи се разви широка дебата околу поставеното прашање.

Екипата на АХА стои на ставот дека новинарот сосема легитимно си го постави прашањето и не гледа што има толку чудно човек да си праша да реновира сега кога има светска пандемија на Ковид-19 или не. Што е толку чудно кога се апелира во цел свет да се седи дома и да се избегнуваат контакти, кога се затвораат граници, аеродроми, кога ништо не функционира нормално, навистина не гледаме зошто би било чудно и нелегитимно да се постави ова прашање. Што е чудно кога министерот има по три прес-конференции на ден, кога координира десетици болници, стотици тела во здравство, кога раководи со кризен штаб, кога не знае глава каде му е, па да не му се скрши алот да одговори на едно така фино питајнце? За што го плаќаме бе?

Легитимни прашања до министерот Филипче во оваа кризна ситуација се и:

Министре, а смееме ли гаргараме со оцет и гоџи бери?

Дали да го исчистам болјерот од бигор, или не?

Да користиме исклучиво Виледа сунгерчињата или може и алтернативни сега кога е време на криза?

Дали да менувам памперс на едно месечно бебе, или да оставам детето дури да прозбори и да ми каже самото дали да му ги сменам?

Вакви и слични прашања непрестано пристигнуваат во редакцијата на АХА, а ние ревносно ги собираме и имаме намера сосема легитимно да му ги поставиме на Филипче на наредната прес-конференција.

Воедно покренуваме апел до сите совесни корисници на социјалните мрежи да застанат во одбрана на новинарот кој го постави прашањето.

Мотото на акцијата со која сакаме да го ПОДДРЖИМЕ новинарот РЕНОВИЧАР е
ОСТАВЕТЕ ГО НОВИНАРОТ РЕНОВИРАЧОТ НА МИР!


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK

Next Post

Мета му честиташе на Пендаровски за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk