ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Јовановиќ: Дали на господата од коморите им е јасно дека ако им се удоволат барањата, државата целосно ќе крахира?

ОК, човечност, емпатија, грижа за другите, солидарност, не би очекувал од овие комори ни во вакви кризни состојби.....Да не испадне дека не сум конструктивен - да, државата треба да им помогне на погодените фирми. Тоа е основниот постулат на економските политики, да ѝ помагаат на економијата кога таа е во криза. Но поддршката треба да биде разумна и добро димензионирана

March 17, 2020 11:03
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Само што ги видов барањата на коморите (Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојуз на стопански комори) до Владата. Практично, бараат да не плаќаат даноци и државата да им покрива плати за работниците. Профитите, се разбира, да не им ги чепка. Ништо за јавното здравје, општото добро и слично, напиша Бранимир Јовановиќ на Фејсбук.

„ОК, човечност, емпатија, грижа за другите, солидарност, не би очекувал од овие комори ни во вакви кризни состојби. Но, дали на господата од коморите им е јасно дека ако им се удоволат овие барања, државата целосно ќе крахира? Дали се свесни дека во таква ситуација сите ќе фатиме корона, вклучувајќи ги и нивните работниците и нив самите? Дали и тогаш ќе се грижат само за нивните дебели профити?

Да не испадне дека не сум конструктивен – да, државата треба да им помогне на погодените фирми. Тоа е основниот постулат на економските политики, да ѝ помагаат на економијата кога таа е во криза. Но поддршката треба да биде разумна и добро димензионирана, во вид на краткорочна поддршка за да се преброди кризниов период, и насочена кон оние кои се погодени и не можат сами да се справат со кризата. Конкретно, треба да се обезбеди директна финансиска помош, на пример, преку поволни кредитни линии, и одложено плаќање на давачките кон државата. Но, само за фирмите кои имаат намален промет поради кризава и кои немаат доволно средства за да се справат самите.

Уште поважно, иако скоро никој не го спомнува ова периодов, државата во оваа криза треба да ги заштити и граѓаните, не само фирмите. Освен забраната за покачување на цени, која веќе се донесе, треба да се забрани и отпуштање на работници за време на кризава, мораториум на присилна наплата и извршување, и замрзнување на обврските за камати кон банките. Вакви мерки воведоа некои европски држави, па ако можат тие, можеме и ние“, напиша Јовановиќ во својата објава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk