Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО со ниту еден глас „против“. На седницата физички присуствуваше само претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина, а сенаторите гласаа преку видеолинк.
Шпанскиот Сенат за прв пат во својата историја гласаше електронски, односно од далечина, токму за Протоколот за кој даде итност, за запазување на датумите. За ова историско гласање своите гласови ги депонираа 247 од вкупно 265 сенатори. Претседателката на Сенатот, Пилар Лоп беше единствена присутна во салата на Сенатот и дел администрација, при ратификацијта, која се случи во 13:15 часот.
„Денеска заокруживме тридецениски стемеж. Нашето членство ќе значи поголема регионална безбедност и сигурност. Освен на Шпанија им благодарам и на сите други земји, како и на граѓаните“, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Северна Мекедонија официјално стана 30. членка на НАТО.
Pатификација во шпанскиот Сенат и прес-конференција на МНР Димитров и амбасадорот Лоренцо Сера
[?Во живо] Pатификација во шпанскиот Сенат и прес-конференција на МНР Димитров и амбасадорот Лоренцо Сера
Gepostet von Влада на Република Северна Македонија am Dienstag, 17. März 2020