ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Научно истражување укажува дека Кина можела да спречи 95% од случаите на корона вирус

Во неодамнешното научно истражување на Универзитетот во Саутемптон се вели дека Кина ќе успеела да спречи 95 проценти од инфекциите со коронавирусот доколку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано. Меѓутоа, Кина презеде строги мерки дури кон крајот на јануари

March 17, 2020 13:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во неодамнешното научно истражување на Универзитетот во Саутемптон се вели дека Кина ќе успеела да спречи 95 проценти од инфекциите со корона вирусот доколку мерките за запирање на епидемијата започнеле три недели порано. Меѓутоа, Кина презеде строги мерки дури кон крајот на јануари – неколку недели откако полицијата замолчи доктор поради обид да ја предупреди јавноста од вирусот.

Научното истражување ја мери ефективноста на нефармацевтските интервенции, и оваа недела беше објавено од страна на „ВорлдПоп“ (WorldPop), група што спроведува мапирање при Универзитетот во Саутемптон. Истражувачите испитувале како Кина ги изолирала заразените лица, ставала во карантин лицата изложени на вирусот, лоцирала контакти, ограничувала патувања, затворала училишта и работни места и откажувала масовни собири.

Анализата – која допрва треба да се разгледа од фелата – откри дека навременото откривање случаи и намалувањето контакти ефективно го контролирале вирусот и дека комбинираните мерки можe да ја намалат трансмисијата на вирусот. Мерките исто така можe да го одложат ширењето и да го намалат бројот на случаи во пикот на епидемијата и на овој начин да добијат на време за да се подгови здравството и да се истражат лекови.

Симулациите се базираа врз движењето на луѓето и врз податоците за болеста, за да се прикаже како комбинираните интервенции може да влијаат на ширењето на КОВИД-19.

Според научното истражување, бројот на заразени случаи со корона вирусот можел да биде понизок за 66 проценти ако мерките се преземеле една недела порано, или за 86 проценти ако се реагирало две недели порано. Во случај да се реагирало три недели подоцна, ситуацијата можела да биде осумнаесетпати полоша.

Замолчување на укажувачот: д-р Ли Венлианг

Најголемите напори да се спречи избувнување на вирусот се случија кон крајот на јануари, неколку недели откако д-р Ли Венлианг, офталмолог од Вухан, се обиде да предупреди за мистериозната болест на 30 декември. Тој се најде меѓу осумте лица кои полицијата ги казни на 1 јануари поради ширење „гласини“ за вирусот.

Бирото за јавна безбедност го натера Ли да потпише изјава во која тврди дека ширел „невистини“ и дека „сериозно го нарушил јавниот ред“. Тој почина минатиот месец од оваа болест, на 34 годишна возраст, што ги разгневи кинеските граѓани.

Според „Њујорк Тајмс“, Кина исто така ги отфрлила понудите за помош во јануари од Центрите за контрола и превенција на болести на САД и од Светската здравствена организација.

Пандемија

Со оглед на тоа што вирусот сега се смета за глобална пандемија, истражувачите од Универзитетот во Саутемптон заклучуваат дека мерките за општествено дистанцирање треба да продолжат наредниве неколку месеци и дека пристапот на Кина треба да се примени на сите други места што поскоро.

„Строгиот, повеќеслоен пристап на Кина најверојатно спречил далеку полоша ситуација, што ќе го забрзаше ширењето на глобално ниво“, се вели во истражувањето.

Написот е напишан од Том Гранди и објавен е во „Хонг Конг Фри Прес“ (Hong Kong Free Press) на 14 март 2020 г. 

извор: Global Voices

Next Post

(ВИДЕО) Добиле дојава за пожар, затекнале ужасна состојба во подрумот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk