ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини.

March 18, 2020 20:24
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во многу сегменти од планирањето на сообраќајот, особено во делот на решавањето на проблемот со паркирањето во Скопје.

Од Градот Скопје за „Мета.мк“ велат дека не се откажале од идејата за изградба на Park & Ride паркинг терминали на периферијата на главниот град, кои би биле наменети за оставање на возилата на граѓаните од другите градови. На овој начин, значително би се намалил недостигот на паркинг места во градското подрачје. Сепак, неопходно е најпрво скопските општини да определат локации на кои би се изградиле ваквите паркинзи во нивните детални урбанистички планови.

Воедно, градските власти очекуваат дека со Студијата за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје ќе се опфати и проектната задача за новата мрежа на градско-приградски линии. Имено, освен што ќе треба да се изградат новите Park & Ride паркинг терминали, ќе биде потребно да се воведат автобуски линии од овие локации до најзначајните дестинации во Скопје за превоз на граѓаните што ќе го остават својот автомобил на ваквите паркинзи.

–  Секторот за соoбраќај очекува најдобри и најрелевантни податоци а во врска со воведување на Park & Ride паркинг терминали, да се добијат од Студијата за мобилност на територијата на Град Скопје, во рамките на проектот SUMP, каде што како основа ќе се дефинираат изворите и целите на патување, големината на патување а при тоа, земајќи ја во предвид и новата мрежа на линии, при што ќе се утврдат микролокациите за воведување на Park & Rade паркинг терминали – се вели во одговорот на Градот Скопје.

Главниот град во моментов се соочува со сериозни проблеми со недостигот на паркинг места, особено во централното градско подрачје. Точни бројки во однос на ова прашање не постојат, но проценките се дека на Скопје му недостигаат околу 8.000 места за паркирање на возилата, под услов бројката на нови возила да престане да расте во наредниот период.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Наплив на дезинформации за Ковид-19 „испорачани“ од Русија

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk