ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Парични и затворски казни за оние што нема да ги почитуваат препораките за заштита

Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со закоснка сила, да се променат одредени законски решенија во фунцкија на справување ос корона вирусот, потенцира Спасовски.

March 18, 2020 17:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на вонредна состојба институциите ќе бидат ригорозни, ќе вршат интензивни контроли за да го заштитат здравјето на граѓаните. Полицијата и инспекциските служби ќе бидат максимално ангажирани. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, рече попладнево премиерот Оливер Спасовски.

Во изјава за Македонската радиотелевизија, Спасовски информира дека утре ќе бидат донесени првите владини одлуки за рестриктивни мерки, но тоа не значи дека животот нема да тече нормално и дека сите граѓани треба да се упатат во маркети и да купуваат залихи.

Ограничување на движењето на граѓаните, ограничување на собирите повеќе од сега, ограничување на некоја работа, се само некои од мерките кои можеби ќе бидат донесени.

-Ова е тешка состојба во која прв пат се наоѓаме и која не обврзува сите, и институции и граѓани и стопанство и медиуми, да бидеме заедно за да ја добиеме битката. Сите сме одговорни. Мора да се почитуваат владините одлуки, секој да понесе дел од одговорноста за справување со корона вирусот. Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со законска сила, да се променат одредени законски решенија во фунцкија на справување ос корона вирусот, потенцира Спасовски.

Повтори и дека зависно од условите, вонредната состојба може да се продолжи и по 30 дена.

Според него, има доволно залихи на храна во маркетите и во државните резерви. Транспорот на стоки не е запрен, има посебни протоколи договорени со државите во регионот. Нема да запре ниту производството, ниту размената на стоки. Напротив, ќе биде набавено се што е потребно. Здравствениот систем има капацитет да се справи со ситуацијата и засега тоа одлично го прави. Паралелно, се води сметка и за економијата, а на стопанството мора да му се помогне.

-Можно е да имаме повеќе болни со оглед на очекувањата дека вирусот ќе се шири. Затоа треба да бидеме подготвени, а ако сме свесни дека здравјето и животот се најважни, најмалку што можеме да напрваиме е да останеме дома, порача премиерот Оливер Спасовски.

Next Post

Пациент вo Романија лажел за своите патувања и заразил со корона вирус 22 медицински работници

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk