Филипче: Нови 19 позитивни на корона вирус, вкупно 67. На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Хероите од Институт за јавно здравје – деноноќно се во лабораторијата во која се изработуваат тестовите за корона вирус. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша Филипче во објавата.
Кривични пријави за две лица од Куманово за непочитување на самоизолација.
Институтот за трaнсфузиона медицина – Скопје денеска соопшти дека располага со задоволителни количества на крвни продукти. Се замолуваат сите крводарители да ги следат препораките и да не даруваат крв ако во последните 28 дена патувале надвор од земјава, ако имаат симптоми на настинка, кашлаат и киваат, имаат зголемена телесна температура, чувствуваат малаксаност и имаат отежнато дишење. Не треба се дарува крв и ако сте биле во контакт со некој кој патувал или лице со сите овие симптоми.
МТСП: Xигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови. Системот на социјална заштита непречено функционира, а центрите за социјална работа ги извршуваат активностите согласно потребите на граѓаните и мерките и препораките на Владата. Поддршката од заедницата е посебно значајна во кризни услови. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје“, соопштуваат од МТСП.
Судскиот совет ги демантира лажните вести за избор на судии.
АВМУ: Медиумите да се придржуваат до Насоките за известување и законските обврски.
Царовска: Реструктурирањето на кредитите е за граѓаните и фирмите, масовни отпуштања во моментов нема. Во постојана комуникација сме со Синдикатот и коморите. Како што тече периодот се гледа дека во економијата ќе има поодложени ефекти. Мерките кои што ги понуди владата во првиот удар се да погодат само во центарот – или она што е најзагрозено во дадениот момент. Секако дека е потребен и пакет на мерки и за останатите сектори кои што верижно ќе бидат загрозени од оваа криза, изјави заменик претседателката на Владата, Мила Царовска.
Димовски од ССМ: Доколку дојде до потешкотии во работењето на фирмата, работниците одат на принуден одмор и земаат 70% од платата.
Еди Рама ги преполови платите на министрите и пратениците и ги пренамени за борба против корона вирусот. Експресно реагираше шефот на државата Илир Мета велејќи дека самоволно се согласува за преполовување и на неговата плата.