Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за корона вирус, напиша Венко Филипче на Фејсбук и објави фотографија од колегите.
„Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша Филипче во објавата.