Неколку значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press се достапни во книжарницата „Или-Или“. Во време кога цените вртоглаво растат, оваа акција нуди навистина пријателски цени (100 денари по примерок), како дел од заедничка акција на издавачите и книжарницата во екот на летните одмори. Попустот трае до 21 септември.
Во понудата на ЦИВИЛ се книги што отвораат важни теми за слободата, уставноста, демократијата, и отпорот против агресијата и авторитаризмот. Меѓу достапните изданија се:
„Белешки за македонскиот конституционализам“ од проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски
„Во чекалницата на слободата“ од Сашо Орданоски
„Украина – година на хероизмот“ од Џабир Дерала
„Рафал“ од Џабир Дерала
Изданијата на Фронтлајн Прес понудени во оваа акција отвораат важни прашања за политиката, вештачката интелигенција, митологиите на моќта и современите предизвици пред јавната мисла. Тоа се книгите:
„Човекот, роботот и дигиталниот Бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски
„ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“ од Бранко Тричковски.
Летната акција е можност читателите да дојдат до овие изданија по достапни цени и да изберат книги што поттикнуваат размислување, критички став и ангажиран однос кон времето во кое живееме.






