ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

СЕКС И ПОЛИТИКА (18+)

August 23, 2026 12:04
in ZOOM IN, АХА!, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во првата епизода од СЕКС И ПОЛИТИКА, неизбежно е да проговориме за сексот поврзан со изборите и за разните видови принуда во тој чин. Впрочем, изборите се како секс-скандал, со тоа што во некои земји како нашата, изборите се секогаш отворена опција. За секс.

Во политиката, и простаците и пи-ар донжуаните, но и оние што сакаат да изгледаат како ангели или барем како пуританци – често се отворени или (не)вешто прикриени сексуални манијаци. Сѐ почнува и завршува со помалку или повеќе опсесивно следење на тој опскурен објект на желбата наречен власт, а тоа се постигнува единствено преку секс со гласачите.

Кога сме веќе кај сексот за време на изборите, тоа ви е една општа распаљотка. А за тоа каков секс ќе имаат политичарите, зависи и од нивните спонзори кои, исто така, директно или индиректно се сексаат со гласачите. Се разбира, најмногу со политичарите. Така, во оргијата, односно изборниот процес, учествуваат спонзорите – олигарсите, шпионите, центрите на политичка/сексуална потенција од надвор и дома, (с)експерти, пи-ар компании, медиуми и низа други индивидуи и групи со енормни сексуални апетити. Во таа општа мешаница од тела, страсти, пот, воздишки и крикови, изгледа како да не се знае кој кого и кој со кого… Таа сеанса на крајот завршува со формирање на менаџерски тимови на борделите на различни нивоа – локални, национални, законодавни итн. – од каде што потоа се создава привид дека сексот е само во борделите, а сите останати водат љубов. Тоа се вика секс со здравиот разум.

Во овој контекст, да откриеме еден важен вибратор, пардон, индикатор што може да го искористат невладините фолиранти посветени на дигестирање големи пари за големо ништо (и кљакав секс):

Колку перверзија и принуда има во сексот со гласачите, толку демократија има. Или нема.

Но изборите не се единствениот секс во политиката. Таман работа. Тоа е само сексот поврзан со брачниот договор меѓу припадниците на политичката каста кои се носители на сексуалниот чин и гласачите кои се објект на сексот. Океј, да не се навреди некој – гласачи се оние што мислат дека доброволно учествуваат во сексуалниот чин и дека од нив зависи кој ќе ги секса после избори.

И во периодите меѓу две жешки оргии (избори) има многу секс. По секоја разуздана оргија сосе грубата предигра (предизборна кампања) и бракоразводните постапки (коалиции), настапува период на интензивен секс во кој се втурнати сите – и оние што непосредно се сексале со политичарите (гласачите) и оние што апстинирале и ги стиснале очите, па не гласале, мислејќи дека така сексот ќе ги одмине. Едноставно, се сексаат сите, и оние што се соблекле и оние на кои им го кренале здолништето или им ги спуштиле панталоните, однапред, одназад, секако… Тоа е и период на секојдневни неверства и скршени срца, кратки (пи-ар) романси со коитус интеруптус, проституирање, површен секс (од навика), сексуално манијачење и што ти не. Така е тоа во демократијата.

Значи, биле избори или не, секојдневно, политичарите и нивните спонзори, партнери и сексуални робинки и робови ги сексаат граѓанките и граѓаните во сите можни и неможни пози.

Но најсладок е сексот кога политичарите имаат секс со здравиот разум на луѓето (ако воопшто останало такво нешто). Односно, кога луѓето се во постојана предигра – предизборие. Најдобар пример за тоа е ова жешко еротско лето (2026). Партиите на власта – познати, колку по сексуалните апетити, толку и по неверствата и сексуалното вознемирување на објектите на нивните мрачни склоности (граѓанките и граѓаните) – го отворија и уште побрзо го затворија Изборниот законик, колку да донесат уште неколку правила во нивна корист, за повеќе секс со помалку напор. Дел од партиите познати под прекарот опозиција, од немајкаде, ѝ се придружија на летната распаљотка со Изборниот законик. Сеедно, ефектот е ист.

На јавноста – ако може така да се нарече овој бучкуриш – ѝ беше дадена можноста да следи секс програма во живо, каде што објектот е самата јавност. Навистина, снимката е, како и секогаш, малку блурирана, со ТикТок ефекти, честопати црно-бела. Но тоа е разбирливо, бидејќи уредниците на таа програма се фетишизираните сексуални робови облечени во нешто слично на латаКс тесно припиен до кожата, сјаен и мазен, во кој се гледаат искривените одрази на политичарите и нивните спонзори.

И така, по сексот со Изборниот законик, настана кратка тишина, колку сите да земат малку здив и да заземат нова поза, па почнаа одново.

Првиот човек на борделот (доминаторот), во обид да изгледа ноншалантно, рече дека нему не му е потребен секс, но дека нема да биде кукавица, па ако сака опозицијата, спремен е за сексање. На тоа сите гракнаа и ги покажаа своите сексуални склоности.

Како ехо, со тоа се согласи брачниот партнер на доминаторот (така сакаат да се претставуваат – како партнер – ама тоа нема везе, сите знаеме, а и тие знаат дека знаеме). Притоа искористи прилика да му се изнавика на својот ривал, откривајќи го стравот да не биде заменет. Секс хрониките ќе забележат дека неговиот ривал прв се јави и кажа дека сака секс, и тоа веднаш. Директниот ривал на доминаторот, пак, му порача дека ако сака секс, нека се секса, а не да ги користи другите како алиби за секс. Но во политиката нема секс само со себе. Сите се сексаат, сакале-нејќеле.

Видете (или ѕирнете ако сакате), во сексот и политиката, иако сѐ изгледа многу заплеткано, неколку работи се јасни како солза капната во сексуален грч.

Сите сакаат секс. Политиката – сама по себе – подразбира секојдневен и интензивен секс со граѓанките и граѓаните (гласале тие или не).

Граѓанките и граѓаните обично се принудени да мислат дека уживаат во сексот, без оглед на тоа дали се во поза на партиски членови, припадници на народ, стадо, инертна маса или некоја друга форма на групирање. Во секој случај, единственото нешто што има врска со политичкото напред кај нив е тоа што се пред, а сѐ друго е позади или под.

Политичарите и нивните спонзори сакаат да се сексаат со сите и во секоја прилика. Сакаат секс меѓу себе, на подиум, под силната светлина на рефлекторите, а ги сакаат и неверствата во мракот зад завесите, тајно од своите заколнати партнери. Колку се побогати, толку полесно можат да ги задоволат своите сексуални апетити. А колку повеќе секс, толку повеќе пари. Тоа оди едно со друго. Демократија.

 


Извор: ЦИВИЛ МЕДИА


Насловна илустрација: Red Lips Stock photos by Vecteezy

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk