Министерот за здравство, Д-р Венко Филипче само што објави на својот Фејсбук профил дека од последните тестирани денес, позитивни на корона вирус се 6 лица.
„Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на корона вирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.
Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.“ – напиша министерот во својот статус.