ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕВН ХОМЕ ќе продолжи да ги снабдува сите потрошувачи што нема да излезат на слободниот пазар до крајот на март

Сите потрошувачи кои нема да успеат до крај на март да ги склучат договорите за набавка на електрична енергија и да изберат снабдувач поради вонредната состојба со корона вирусот, ќе продолжат да бидат снабдувани од ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како снабдувач во краен случај со електрична енергија, во согласност со препораката на Владата, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)

March 20, 2020 11:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите потрошувачи кои нема да успеат до крај на март да ги склучат договорите за набавка на електрична енергија и да изберат снабдувач поради вонредната состојба со корона вирусот, ќе продолжат да бидат снабдувани од ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како снабдувач во краен случај со електрична енергија, во согласност со препораката на Владата, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

По доставената информација од нивна страна, а имајќи ја предвид фактичката ситуација со прогласената пандемија од страна на Светската здравствена организација во врска со болеста Ковид-19 (корона вирус), како што посочуваат, Владата донесе заклучок во кој му препорачува на ЕВН ХОМЕ, како снабдувач во краен случај со електрична енергија, да ја разгледа можноста за продолжување со снабдување со електрична енергија на сите правни лица кои требаше самостојно да набават електрична енергија по 31.03.2020 година.

Во исто време, нагласуваат од РКЕ, им се препорачува на сите правни субјекти, кога ќе се создадат услови, да ги преземат сите потребни активности за избор на снабдувач со електрична енергија од отворениот пазар.

– По донесениот заклучок од Владата, разговарав со првиот човек на ЕВН ХОМЕ, Штефан Петер, кој ме информираше дека се додека на сила е вонредната состојба и мерките за заштита од корона вирусот, ќе продолжат да ги снабдуваат со електрична енергија правните лица кои се на листата на потрошувачи од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, коишто требаше досега да изберат снабдувач со електрична енергија од отворениот пазар, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој нагласи дека во моментов има континуирана и сигурна испорака на електрична енергија.

– Сакам да ги повикам сите јавни институции и сите правни субјекти да пристапат сериозно и одговорно и веднаш штом се надмине оваа состојба да ги преземат сите неопходни активности со цел да излезат на слободниот пазар на електрична енергија, самостојно да изберат свој снабдувач со електрична енергија и да ги договорат меѓусебните услови на снабдувањето, вклучително и цената на електричната енергија. Потрошувачите коишто се во фаза на набавка на електрична енергија во предвидените рокови соодветно да ја завршат и да направат избор на снабдувач со електрична енергија, порача Бислимоски.

Според листата на потрошувачи од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, најголемиот број на
потрошувачи кои треба да излезат на слободниот пазар до крајот на месецов се општини, установи, акционерски друштва формирани од Владата, јавни претпријатија, претпријатија формирани од општините, училишта, здравствени установи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Дејвид Бекам доживеал „несреќен случај“ при стрижење

July 21, 2025

Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија

July 21, 2025
Shahed 136 (by Tasnim News Agency, CC BY 4.0)

ТЕЛЕГРАФ: Русија ангажира тинејџери за изградба на самоубиствени беспилотни летала „Шахед“

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk