Српската премиерка Ана Брнабиќ, на денешната прес конференција соопшти дека еден од хоспитализираните пациенти починал, а осум се во потешка состојба со помагала за дишење.
Во Србија, денес се потврдени нови 17 заболени, со што бројот се зголеми на 135.
Премиерката Брнабиќ најави дека од утре се суспендира јавниот превоз по 20,00 часот и се затвораат сите угостителски објекти и трговски центри. Се очекува голема пратка медицинска помош од Кина, заштитна опрема, а очекуваме да дојдат и експрерти од Кина, изјави Брнабиќ.
Србија доби 7,5 милиони евра помош од ЕУ, како помош во борба против пандемијата.
Од утринава затворени се сите српски гранични премини, комплетно е стопиран меѓуградскиот превоз и смее да се патува само со автомобил.
Воспоставена е забрана за движење од 20 часот до 5 наутро, лица над 65 години не смеат да излегуваат во урбани средини, а тие над 70 ни во рурални.