ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со специјални летови се враќаат Грци од Италија, Шпанија, Полска и Англија

За време на викендот, од Мадрид и Барселона, со три специјални летови на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, во Атина ќе се вратат грчките државјани кои се заглавени во Шпанија, а според АНА-МПА, во главно, станува збор за студенти од програмата „Ерасмус“ и туристи.

March 20, 2020 16:34
in ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН

На атинскиот аеродром, од Лондон, денеска пристигнуваат три летови со вкупно 400 грчки државјани, а претставници на Националната организација за јавно здравје и на Министерството за здравство на Грција ја мерат температурата на сите патници и земаат примероци за тест за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, планирани се специјални летови од Италија, Шпанија и Полска за да се репатрираат Грците кои се наоѓаат во овие земји, а се пријавиле за враќање назад, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во координација на службите од грчкото МНР и секретаријатот за цивилна заштита се прават напори за репатријација на граѓаните, со оглед на тоа дека во многу земји се откажуваат и забрануваат летови.

Од Италија, Грците ќе се вратат со специјален лет и специјален траект, по телефонскиот разговор на шефовите на двете дипломатии.

За време на викендот, од Мадрид и Барселона, со три специјални летови на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, во Атина ќе се вратат грчките државјани кои се заглавени во Шпанија, а според АНА-МПА, во главно, станува збор за студенти од програмата „Ерасмус“ и туристи.

Утре, исто така со вонреден и специјален лет, ќе се репатрираат Грци што се наоѓаат во Полска.

За Грци, по враќањето, се обврзани 14 дена да бидат во домашна самоизолација.

Во изминатите денови успешно се вратија во Грци од Мароко и Ирак.

Од Маракеш, според АНА-МПА, во средата пристигнал авион со 80 Грци, но и државјани од Кипар, Бугарија, Германија и Франција.

Додека пак од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција, соопштија дека 13 транспортери, кои со нивните камиони 25 дена беа заглавени на границата Ирак – Турција се вратија во Грција со специјален чартер лет.

Транспортерите, поради затворените граници, беа принудени нивните камиони да ги остават во ирачкиот град Ербил и во Грција да се вратат авионски.

Next Post

Уапсен уште еден гостиварец, ја отворил кафетеријата и служел гости

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk