На подрачјето на СВР Тетово од 16 до 20 март до 07.00 часот, се евидентирани вкупно 442 лица кои потпишале писмени изјави за самоизолација, од кои 295 во регионот на Тетово и 147 во регионот на Гостивар.
Од тетовската полиција потсетуваат дека за секое прекршување на дадената изјава за изолација ќе следи кривична пријава за лицата кои ќе се затекнат надвор од домовите.