ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бизнисот со првични проценки за загубите, банките со поповолни услови за постојните кредити

Граѓаните и компаниите кои имаат или ќе имаат потешкотии  со подмирување на обврските за земените кредити поради состојбата со коронавирусот ќе можат да добијат поповолни договорни услуги од банките. Народната банка вчера донесе регулаторни измени кои им овозможуваат на банките и штедилниците да понудат поповолни услови за компаниите и физичките лица кои пред 29 февруари годинава немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални

March 21, 2020 11:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните и компаниите кои имаат или ќе имаат потешкотии  со подмирување на обврските за земените кредити поради состојбата со коронавирусот ќе можат да добијат поповолни договорни услуги од банките. Народната банка вчера донесе регулаторни измени кои им овозможуваат на банките и штедилниците да понудат поповолни услови за компаниите и физичките лица кои пред 29 февруари годинава немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални.

-Измените значат поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во поповолна насока за клиентите, во зависност од процената на потребата и финансиската способност на секој поединечен кредиторокорисник. Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата, информираа од Народната банка.

Промените на договорните услови извршени до 30 септември годинава нема да се сметаат за реструктурирање на кредитната изложеност. Со тоа, на граѓаните и компаниите кои до почетокот на март немале проблем со отплатата на кредитите им се овозможува и непречен натамошен пристап до кредитна поддршка.

Со регулаторните измени се олеснува и условот за класификација на одреден кредит како нефункционален, односно пристап согласно со кој банките и штедилниците имаат обврска како нефункционални да ги евидентираат кредитите што се со задоцнување подолго од 90 дена, сега критериумот за премин во нефункционално побарување се поместува на 150 дена. 

Од Македонската банкарска асоцијација вчера информираа дека нејзините членки се подготвени да излезат во пресрет на сите барања од граѓаните и компаниите кои се соочуваат или ќе се соочат со времена неможност за отплата на кредитите. Оттаму ги оценија како позитивни најновите мерки на Народната банка.

– Заради отстранување на било какви дилеми и шпекулации, би сакале да појасниме дека овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет на сите оние на кои тоа им е потребно во моментов и месеците кои се пред нас. Сите сме дел од ова општество и оваа економија и затоа е потребно со внимателно управување со ресурсите со кои располага нашата економија на најдобар можен начин да се соочиме со проблемите и кога оваа криза ќе помине да продолжиме со најмали можни последици за секое наше семејство, компанија, нашиот економски и финансиски систем и општеството во целина. Нашите членки, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро ќе дадат максимален придoнес во тој правец, информираа од Македонската банкарска асоцијација.

Од друга страна, бизнис секторот почна да прави проценка на првичните трошоци кои произлегоа од ослободувањето на дел од вработените од работните обврски во рамки на мерките за справување со коронавирусот. Според првичните проценки на Стопанската комора на Македонија направени врз основа на анкета спроведена кај 115 компании, првичните трошоци на компаниите се движат од 360.000 до 4.500.000 денари.

Главниот советник во Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски, вчера на прес-конференција истакна дека неповолните економски трендови од март, ќе прoдолжат и во првата половина од април.

– Досега преземените мерки од страна на Владата ги сметаме за првични со оглед дека постоеја ограничувања од правен аспект. Сега, со прогласувањето вонредната сотојба, постои целосна слобода за преземање и нови мерки, нагласи Јовановски, додавајќи дека во овој момент на стопанството му е неопходна финансиска инјекција.

Првичниот удар од кризата предизвикана од коронавирусот го почувствува услужниот сектор пред се туризмот, хотелиерството, рестораните и трговијата, но последиците од кризата ги опфаќаат и останатите сектори. Евидентни се нарушувања на ликвидноста и губење на побарувачката. .

Анкетата покажува дека вкупниот број отсутни работници е 1.092, што е 7,9 отсто од вкупниот број вработени во анкетираните претпријатија (13.818). Притоа, 36,5 проценти од претпријатијата имаат помеѓу нула и двајца отсутни работници, 17,4 отсто имаат три до пет отсутни работници, 11,3 отсто се со шест до 10 отсутни, а 8,7 отсто од претпријатијата имаат 11 до 20 отсутни.

Околу 60 отсто од компаниите пријавиле дека имаат потреба од реорганизација на работата заради новонастанатата ситуација. Приближно 36 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат дополнителни трошоци поврзани со реорганизирање на работата, a oстанатите 64 отсто изјавиле дека засега немаат трошоци за реорганизација. Во однос на други дополнителни трошоци, 18 проценти од претпријатијата пријавиле дека имаат трошоци со дезинфекција на работните простории, шест отсто трошоци за откажани аранжмани, пет проценти за кирија, а 30 отсто други трошоци и проблеми (трошоци за магацин за производи чиј извоз е одложен заради кризата, дополнително задржување на возила, прекинат процес на дистрибуција, неможност за наплата и извршување на обврски, намален промет).

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски

July 4, 2025

Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk