Една од основни работи во менаџирање на криза е да се внимава дополнително да не се создава психоза кај населението.
Постепеното воведување на рестриктивни мерки од страна на Владата е во тој правец, исто и согласно капацитетите кои самата држава ги има.
Како пример, дали е возможно МВР да заглави со издавање на дозволи за движење доколку Полицискиот час е со подолг интервал? Вероватно дека е возможно, особено ако знаеме дека треба да се стават во карантин уште 2-3000 илјади сограѓани (кои се надвор од држава), од една страна,а од друга и прогнозираниот пик на заразени, кој допрва треба да светне црвено.
Значи на прв поглед може изгледаат банално мерките, но од мое искуство на тема следење на менаџирање на кризи, во едни малку поинакви услови, сосема добар ритам има Владата на оваа тема.
И ќе ве молам без скептични вмровски досетки, бидејќи таа „експертиза на хендлање кризи“, особено околу Стајковци, сите ја сведочевме.
Остајте тие кои се одоговорни да си ја работат работата, а времето ќе покаже во кои и какви околности одлуките биле исправни или не.
Фејсбук статус на Филип Херин