Во Босна и Херцеговина денеска беше потврден првиот смртен случај од новиот коронавирус. Станува збор за жена од Бихаќ.
Директорот на кантоналната болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ Хајрудин Хавиќ потврди за порталот „Кликс“ дека станува збор за повозрасна жена.
Таа била донесена во болница пред два дена и имала и други хронични заболувања.
Во Бихаќ има и два други случаи, маж, кој е со потешка клиничка слика, како и неговата сопруга.