Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека срамното политиканство не поминува повеќе кај никого и додава дека недозволиво е да се манипулира со населението сега кога сите треба мудро да дејствуваме за да се заштитиме од овој вирус.
„Здравјето е пред сè, сега не е време за политиканство. Упатувам апел до сите, да ја зголемиме општествената свест, сите заедно да помогнеме да ја надминеме оваа состојба. Нема поделби на ваши и наши. Ние сме отворени за сите, секој добронамерен совет сериозно го разгледуваме на Кризиниот штаб, во Владата и во ресорните министерства. Се носат и континуирано ќе носиме мерки кои се од исклучиво значење на граѓаните.“, вели Сугарески.
Тој нагласува дека и лажните вести мора да прекинат сега и одма и дека со ширење на лажните вести, поединци прават огромна штета на целото население.
„Во оваа состојба, кога со сите сили се бориме да го заштитиме јавното здравје, здравјето на сите граѓани имаме и општествена задача, тоа да го правиме заедничи, да си помогнеме еден на друг.
Затоа остро ги осудуваме ширачите на лажни вести, не ги слушајте, не им верувајте, информирајте се само од официјали и проверени канали на информирање. Никој нема да добие политички поени ако брутално го лаже својот народ. Владата и Кризниот штаб ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме сопствените граѓани.“ завршува министерот Сугарески кој е и дел од Кризниот штаб.
Ј. Ѓ