ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

ВМРО-ДПМНЕ повторно нуди „свои“ тимови и експерти, овој пат економски

Во услови кога сите треба да останеме сплотени и заедно да ги пребродиме опасностите што надвладеуваат од корона вирусот, во моменти гога се користи секоја прилика да се повика на единство за што е можно полесно да се преброди најголемата со која се соочува светот, опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски соопштенија сее несигурност страв и паника кај граѓаните.

March 21, 2020 10:14
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во услови кога сите треба да останеме сплотени и заедно да ги пребродиме опасностите што надвладеуваат од корона вирусот, во моменти кога се користи секоја прилика да се повика на единство за што е можно полесно да се преброди најголемата со која се соочува светот, опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски соопштенија сее несигурност страв и паника кај граѓаните.

„Македонија поради епидемијата која владее се наоѓа во економски шок. Изминатите денови се отпуштаат работници и се затвораат индустриски капацитети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Просто човек да им позавиди на комоцијата со која си дозволуваат вакви полуинформации и шпекулации. Според ВМРО-ДПМНЕ праќањето на принуден одмор на работниците е отпуштање од работа?!

„Еден од првите примери е фабриката Кронберг и Шуберт која на принуден одмор испрати над 5.800 работници на кои не им е образложено кога и дали ќе се продолжат со работа во фабриката.“, велат во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Неразбирливо е како може опозициската партија во вака чувствителни моменти без ни малку одговорност, толку лесно да релативизира и отпревртува факти, само за да ќари политички поени.

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ повторно нудат сопствени тимови, па велат:

„Овој пат ги нудиме сопствените човечки капацитети во делот на економијата кои ќе соработуваат со цел подобрување на ситуацијата.“

Што нудат ДМПНЕ?

За кои сопствени економски тимови говори ВМРО-ДПМНЕ – за оние што ни го проектираа „Скопје 2014“ и легално исцицаа од државата 700 милиони евра во фасади што се опасни по живот, споменици на кои ни се смее цел нормален свет, или за зградите што уште не ставени во употреба се поплавуваат и се распаѓаат.

Пред недела дена Мицкоски и Николоски беа на консултации со Груевски во Будимпешта, сигурно таму е договорен тој сет мерки, кои треба да ни ја спаси државата од економски колапс. И внимавајте, сосема случајно вчера бегалецот од правдата Груевски, оној со провизиите и процентите „Миле, бе, да не е многу, да не се претераме“ тој „загрижениот“ за нашата економија, преку ФБ ни испрати аманет со сет на економски совети. Нека ни е на сите на здравје ако очекуваме од такви експерти и кризни мерки по нарачка на Груевски да ни ја спасат државата

Ви благодарм ДПМНЕ, но не, благодарам.

Next Post

За пет дена извршени 174 вонредни контроли во маркети, евидентирани мали отстапки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk