ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Дебар и Центар Жупа безбедносната состојба е стабилна

Од МВР денеска информираат дека утрово околу 07 часот, во рамки на активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за контрола на угостителските и другите објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа

March 21, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА

Безбедносната состојба изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Од МВР денеска информираат дека утрово околу 07 часот, во рамки на активностите на полициските службеници кои се во согласност со оперативниот план за контрола на угостителските и другите објекти (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), регистрирано е дека еден угостителски објект лоциран на улицата „Братство и eдинство“ во Дебар е отворен и не ја почитувал забраната за работа.

– Во објектот е затекнат сопственикот Р.Ф.(61) од Гостивар, кој живее во Дебар и група граѓани. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Инаку, мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, се одвиваат тековно и без проблеми, се појаснува во соопштението од МВР.

Сите правни лица кои вршат дотур, п отсетуваат од МВР, треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила, со полициска придружба ќе бидат спроведени до трговските објекти во двете општини. Потсетуваат и дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините,а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Од МВР упатуваат апел до граѓаните строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, се подвлекува во соопштението, ќе бидат санкционирани согласно член 205и 206 од Кривичниот закони.

Next Post

Османи со писмо до Ленерчиќ, побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk