Тетовскиот регион до овие моменти сè уште нема ниту еден заразен со корона вирусот, но здравствените институции во соработка со матичните лекари превентивно преземале мерки за превенција и навремена реакција при евентуална појава на заболен.
Во Тетово веќе има околу 300 граѓани во самоизолација, а клиничката болница во Тетово, Здравствен дом, Центарот за јавно здравство и матичните лекари веќе почнале да функционираат како едно тело. Во оваа насока се отворени телефонски линии и анкетни пунктови на неколку локации, како во Тетово, Голема Речица, општина Желино, Теарце, Боговиње и Брвеница, каде стручна здравствена помош може да побарат сите граѓани кои имале контакт со лица дојдени од ризични држави, оние кои имаат потреба од помош или симптоми кои алудираат на Ковид-19.
Истовремено, целиот медицински тим на чело со епидемиолог, е спремен да изврши и домашни визити ако некој граѓанин се сомнева дека можел да се зарази, а таму каде ќе се појави потреба ќе се врши и тестирање а одземените примероци ќе се праќат во лабораториката во Скопје за анализа.
Директорот на Тетивската клиника, Флорим Бесими, изјавил дека се спремни за успешно соочување со ваквиот евентиален предизвик. Тој потврдува дека веќе поседуваат маски, ракавици и други потребни средства за здравствениот персонал и ги информира граѓаните дека 24 часа ќе бидат на располагање матичните лекари за секаква здравствена потреба.
За секаква пријава или информации граѓаните од Тетово и околината можат да се јават на овие телефонски броеви:
076/365-163
076/365-120
075/240-464
075/200-839
075/200-339
075/444-124
Од друга страна и Црвениот Крст Тетово отворил телефонска линија 044/336-374 каде старите лица, изнемоштените и осамените лица во изолација, можат да побарат помош за снабдување со лекови, храна и хигиенски средства.
А. Зеќири