ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалникот Димитриевски ќе побара од Владата воведување полициски час во Куманово од 18 до 06 часот

March 22, 2020 19:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешната прес-конференција изрази сочуство до семејството на починатата кумановка, прв смртен случај од коронавирусот во земјава и информираше за нови препораки што ги донел Општинскиот кризен штаб во Куманово, меѓу нив најави дека ќе побара од Владата во градот да се воведе полициски час од 18 до 06 часот.

„Куманово има три потврдени случаи, кои се  позитивни на тестот за Ковид -19. За жал еден со смртни последици, согласно информациите што ги добивме  од Централниот кризен штаб. Сакам да искажам длабоко сочуство до семејството на починатата сограѓанка и да посакам успешно лекување на членот на нивното семејство, како и на сограѓанката која исто така е инфицирана од коронавирусот“, рече кумановскиот градоначалник.
Тој порача дека кумановци отсекогаш знаеле да се справат со големи проблеми и додаде оти овој пат заедно ќе го надминеме и овој проблем.
Димитриевски повика да се почитуваат препораките на Владата, на надлежните. Јавното претпријатие „Пазаришта“ ќе ги затвори деловите каде се продава текстил и други производи, а ќе останат само пазарите за зеленчук и овошје. Вработените ќе помогнат при вршење дезинфекција, исто како и вработените од „Паркинг“, а паркирање од утре нема да биде услуга. И вработените од „Водовод“ кои досега не се вклучени ќе се вклучуваат во дезинфекција на градот. „Чистота и Зеленило“ ќе ги зајакне капацитетите.
„Бараме од Владата да  воведе посебен  режим за Општина Куманово, да се зголеми тајмингот на полицискиот час, од 18 до 06 часот. Да се постават контролни пунктови на територија на град и да имаме контролиран влез и излез и на пунктовите ќе се врши дополнителна деизнфекција. Од Центраниот државен штаб бараме постојана координација и навремено споделување на сите информации во однос на сите настанти состојби на територија на Општина Куманово, како би можеле дополнително како општински штаб да координираме со активностите“, рече Димитриевски.
Тој рече дека клучот е во секој од нас, а херои се оние кои го почитуваат редот и дисциплината. Ги повика кумановци да не примаат посети. Ако некој забалежи дека член од семејството покажува одредени симпотими да се повикаат лекари. Ако не се почитуваат препораките тогаш, ќе се прошири вирусот. Општината ќе воведе и дежурен телефон на кој граѓаните ќе можат да пријават за постоење на евентуална инфекција на коронавирус. Потоа Општина Куманово ќе координира со здравствените установи. Ги повика граѓаните да покажат разбирање.
Што се однесува до вработените во чевларството каде работат голем број работници, Димитриевски повика да се почитуваат мерките  за работа, а Владата ќе обезбеди пакет мерки за стопанството.
„Мојот и приоритет на сите нас е здравје на граѓаните“, рече Димитриевски.
Уште еднаш повика кумановци да не ги посетуваат блиските околни излетнички места. Најави дека ќе продолжи деизнфекцијата, која досега е извршена на 70 проценти од територијата на Општината.
Општинскиот кризен штаб повика Центарот за јавно здравје – Куманово да доставува редовни информации за состојбата со тестирани лица на КОВИД-19 од Општина Куманово и извештај на дневна основа на лица кои се ставени во самоизолација. Црвениот крст – Куманово и Општина Куманово понатаму активно да продолжат во асистирање на болни и изнемоштени лица. Сите локални ресурси да бидат ставени на располагање за превенција и спречување на ширење на вирусот. Општина Куманово ќе побара до СВР Куманово да достави листа на лица кои се во домашна изолација, за може да изврши превентивна легална дезинфекција на реоните во градот каде што живеат овие лица. 
Next Post

Ангела Меркел во домашна изолација под сомнение дека е заразена од корона вирус

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk