Со оглед на тоа дека во последно време има недостаток од медицинска опрема кај нас и во светот, на социјалните мрежи почна да се шири иницијатива на која се приклучија неколку компании кои можат да понудат помош.
Имено, станува збор за заштитни маски (визири) направени на 3D принтер, кои според материјалот на изработка би биле за една или повеќекратна употреба.
Александар Каревски на својот ФБ профил објасни за што станува збор, а неколку компании и училишта се понудија да помогнат во реализирање на чешката економична идеја.
„Поради очекуваниот и веќе постоечкиот дефицит на медицинска заштитна опрема со помош на компанија за 3д принт од Чешка дизајнирана е заштитна маска – визир која може да се изработи со 3д принтер и првите неколку тестови на истата се успешни. Но поради тоа што јас сум само еден човек со 3д принтер ни треба помош од повеќе луѓе и компании да го заштитиме медицинскиот персонал.
За почеток ни требаат:
1. Луѓе или институции кои имаат 3д принтер на располагање кои можат да користат PETG и ABS или АСА материјали
2. Компании или луѓе кои имаат пристап до A4 провидни фолии кои се подебели од 0,4 мм
3. Компании кои можат да помогнат со филаменти за 3д принтање од горенаведените материјали
3. Волонтери доколку се соберат материјали да се склопат визирите и да се доставуваат до местата каде се потребни.“