Министерот за внатрешни работи на Хрватска, денес даде изјава и упати апел до граѓаните да внимаваат и да не влегуваат дома, по силниот земјотрес кој утринава го разбуди Загреб.
Првиот земјотрес бил со јачина од 5,4 степени по Рихтеровата скала, а половина час покасно имало и втор силен потрес од 5 степени. Следувале уште неколку помали афтершокови. Голем број улици се блокирани од разурнати кровови, се врши евакуација каде е потребно и има едно 15 годишно девојче е во критична состојба, иако многу медиуми пренесоа дека подлегнала на повредите.
Министерот за внатрешни на Хрватска изјави „во секој случај ние ги преземаме сите потребни мерки, но ситуацијата на земјотрес во време на прогласена пандемија е значително покомплицирана. Во моментов немаме информации за поголеми штети, освен веќе пријавените поголеми разурнати градби во центарот на Загреб. Кога се земјотреси во прашање, знаете дека тие не можат да се предвидат, се надеваме дека најјаките потреси се зад нас, но не ја исклучуваме можноста да има и други потреси со посилна магнитуда.“
Голем дел од зградите во центарот на Загреб се правени по стари стандарди и сега се оштетени, а ситуацијата не е толку страшна во останатиот дел на градот.
А. Н. С