ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026 17:38
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје заврши со дипломатски потег кон Софија, пофалби за Планот за раст и уште една силна потврда за европската перспектива на Северна Македонија. Но во суштина, не се случи ништо ново. Условот за уставните измени останува, преговарачката рамка останува иста, а нова европска формула за деблокада нема.

Фон дер Лајен беше директна: останува „еден клучен чекор“ што земјата треба да го направи за да продолжи напред и да го отвори кластерот „Темели“. Истовремено порача дека ЕУ ја прифаќа Северна Македонија „со нејзиниот идентитет и јазик“ и дека македонската култура и јазик ја збогатуваат Унијата.

Токму ова беше суштината и на анализите на ЦИВИЛ МЕДИА пред посетата. На 29 септември во текстот „ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже“ јасно е посочено дека „очекувањата дека Фон дер Лајен може да донесе некаква ‘нова формула’ за спорот со Бугарија немаат основа“, бидејќи во европските документи нема сигнал за промена на договорената рамка.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ден подоцна, во анализата „Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени“, ЦИВИЛ МЕДИА го постави прашањето дали може да се појави „конкретен политички механизам“ со кој барањето на Владата за гаранции би се претворило во решение компатибилно со преговарачката рамка. Одговорот е едноставен. Таков механизам нема.

Има, сепак, нов дипломатски потег. По совет на Фон дер Лајен, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ќе побара билатерална средба со бугарската страна при претстојната посета на Софија. Фон дер Лајен тоа го опиша како „прв нов чекор“ во обидот процесот повторно да се придвижи. Италијанската агенција Agenzia Nova ја пренесе нејзината оценка дека целта е да се направи обид за деблокирање и повторно ставање на процесот во движење.

Дипломатски чекор, но не и промена на правилата.

Христијан Мицкоски повторно побара ЕУ да помогне да се обезбеди процес без „нови билатерални условувања“ и со јасни правила за она што следува. Политички, таквото барање може да се чита и како обид бугарското прашање да се изолира од понатамошниот тек на пристапувањето. Но таквата претпоставка тешко се вклопува во самата архитектура на пристапниот процес.

Добрососедските односи не се нешто што ЕУ го издвојува од пристапувањето, туку негов составен политички услов, како што ЦИВИЛ МЕДИА повеќепати досега посочуваше.

Напротив, Преговарачката рамка експлицитно ги третира добрососедските односи и регионалната соработка како составен дел од пристапувањето и бара резултати и спроведување во добра волја на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија.

Затоа, гаранцијата дека во иднина воопшто нема да се појават проблеми поврзани со билатералните односи не беше, ниту можеше да биде претставена во Скопје како ново правило на ЕУ. Она што може легитимно да се бара е тие односи да не се претвораат во извор на нови услови надвор од веќе договорената рамка. Разликата меѓу овие две работи е суштинска.

Во политичката аргументација на Мицкоски, сепак, таа разлика речиси и да не постои. Со тоа во втор план се потиснува и еден од основните европски услови: Северна Македонија, како и секоја друга земја кандидат, има сопствена одговорност за одржување на добрососедските односи и за исполнување на веќе преземените обврски.

Пофалбите за Планот за раст, европските инвестиции, СЕПА и проектот „Везилка“ се значајни, но припаѓаат на постепената интеграција, не на деблокирањето на формалните преговори. Фон дер Лајен јасно ги одвои двете работи.

Оттука, посетата не донесе некој драматичен пресврт, како што напишавме, но секако придонесе кон расчистување на пропагандната магла.

Заклучокот е:

ЕУ не ја затвора вратата, но не го помести ни прагот.

Следниот потег повторно е политички: дали Скопје и Софија ќе создадат простор за договор и дали Владата ќе најде пат кон исполнување на веќе договорениот услов.

 

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

На која страна си ти?

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk