ЗАРАЗАТА со лажни вести е смртоносна, пишува Џабир Дерала во својата колумна.
КОНЕЧНО се намалува бројот на починати во Италија, за 24 часа 601 жртва на Ковид-19. Вкупниот број на заразени лица во Италија се искачи на 63.928.
ПОЧИНА девојчето кое беше повредено во земјотресот во Загреб. И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди.
НОВИ рестриктивни мерки, промена на Полицискиот час за различни возрасти на граѓани. лица повозрасни од 67 године нема да смеат да се движат надвор од 11 часот претладне, па се до 5 часот наредното утро. За лицата помлади од 18 години, полицискиот час почнува од 21.00 до 12 часот попладне. За сите други забрана за движење сега е од 21 часот до 5 часот наредното утро.
ПРВИЧНИТЕ тестови на германската канцеларка Ангела Меркел покажале дека таа е негативна на вирусот Ковид-19.
ВАКЦИНАТА против коронавирусот, која ја разви руската Федерална агенција за биомедицина, ја помина првата фаза од развојот и се очекува да биде комплетирана во јуни, потврди директорката на агенцијата Вероника Скворцова.
ОПШТИНА Прилеп и „Ипринт“ ќе донираат заштитни штитови за лице. Штитовите за лице се ставаат над заштитната маска, за да заштитата биде поголема од кивање, кашлање и капличната инфекција која се јавува.
МАКЕДОНСКАТА Железница се става на располагање на сите приватни транспортери кои ќе можат да ги користат вагоните за пренесување на репроматеријалите. Ова е една од новите мерки кои денеска ги најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
САШО Орданоски на ЦИВИЛ со својата „прогноза“ со наслов Умерен оптимист во песимистичко сценарио