ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Интензивирање на ТВ-наставата за да се опфатат сите предмети во основно

„ТВ Училницата“ на македонски јазик може да се следи на МТВ1 од 9,15 до 12,10 часот, а на албански јазик на МТВ2 од 12,30 до 14,30 часот. 

March 23, 2020 09:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ од денеска продолжува да се емитува поинтензивно. Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, продукција „ОХО“ и Македонската радио-телевизија ќе обезбеди повеќе часови за повеќе генерации ученици.

Предавањата на наставниците, односно часовите ќе траат по 15 минути, велат од МОН, со цел да биде опфатена наставната материја по сите предмети од прво до деветто одделение. Продолжува и емитувањето содржини за децата на претшколска возраст.
„ТВ Училницата“ на македонски јазик може да се следи на МТВ1 од 9,15 до 12,10 часот, а на албански јазик на МТВ2 од 12,30 до 14,30 часот. Од МОН апелираат учениците да не ја пропуштаат наставата преку „ТВ Училница“, нагласувајќи дека едукацијата не смее да запре зашто знаењето е најмоќната алатка за личен успех.Исто така, од денеска и сите факултети треба да организираат онлајн-настава за студентите поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на корона вирусот.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми по средбата со претставници на државните и на приватните универзитети минатата недела, соопшти дека високообразовните установи се информатички и технички опремени и професорите се подготвени да придонесат за организирање настава на далечина за студентите.
Олеснителна околност, рече Адеми, е што, за разлика од основците од пониските одделенија, овде се работи за студенти кои се вешти во користењето ИТ-уреди и едукативни алатки и апликации и оти дел од факултетите  онлајн-учење веќе применуваат во регуларниот тек на студиската година.
Ректорите на УКИМ и на Американ колеџ, Никола Јанкуловски и Томе Неновски, како претставници од државните и од приватните универзитети, по средбата со Адеми истакнаа дека има услови за непречено функционирање и одржување, пред сè, на додипломската настава на универзитетите. Евентуални проблеми би произлeгле понатаму за полагање на испитите, но се надеваат дека и за тоа ќе најде решение.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk