Министерството за надворешни работи информира дека граѓаните кои ќе бидат вратени во земјава со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти.
– Со оглед на притисокот врз буџетот предизвикан од кризата со коронавирусот, владата одлучи граѓаните кои ќе бидат вратени во земјата со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти. Во моментов се разгледува можноста за одложено плаќање на рати, велат од МНР.