ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Oсми ден во прекин железничкиот сообраќај Велес-Битола, ќе се минираат опасните карпи надвиснати над пругата

Поради големи  одрони на карпа помеѓу станиците Стари Град и Мартолци, од 15 март до денеска  веќе осми ден се уште е во прекин железничкиот сообраќај Велес – Битола и обратно

March 23, 2020 17:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поради големи  одрони на карпа помеѓу станиците Стари Град и Мартолци, од 15 март до денеска  веќе осми ден се уште е во прекин железничкиот сообраќај Велес – Битола и обратно.

Како што информира за МИА, Владимир Трајков заменик директор на ЈП Железници Инфраструктура чии екипи веќе осми ден  работат со механизација на расчистување на овој дел  од пругата, карпите до вечерва треба да бидат целосно отстрнети и расчистени од пругата, но сообраќајот на овој дел од пругата  и понатаму ќе биде запрен.Тоа е поради лизгавиот терен и опасноста од нови одрони на карпи на пругата, а по увидот и консултација со геолог, тие од утре планираат да извршат минирање на опасните карпи.

Тој појаснува  дека актуелната вонредна состојба во земјава поради коронавирусот, што предизвика  до драстично  намалување на патниците,ЈП Железници  Инфраструктура ќе ја искористат за потрајно решавање на овој проблем со лизгање на карпите на овој дел од пругата, со цел да овозможат  понатамошно безбедно одвивање на железничкиот сообраќај на овој дел од пругата.

Како што појасни за МИА,Ванчо Ангелов инженер геолог од скопската фирма  „Гео Хидри Консалтинг“, кој на барање на ЈП Железници направил  стручен увид на теренот, неопходно е  минирање на дел од опасните карпи надвиснати над овој дел од пругата.

-Поради лизгавиот терен има опасност од лизгање и нови одрони на карпи на пругата, поради што е неопходно минирање на дел од опасно надвиснатите карпи. Поради малиот простор и самата косина на карпите нема услови да се направи заштитен ѕид или друг објект што ќе ја заштитува пругата. Од друга страна, и самата таа огромна маса од карпи при неповолни временски услови а со оглед на  лизгавиот терен, ако тргне одозгора и бетонскиот ѕид не ќе може да ја спречи па и тој може да се сруши,појасни Ангелов.

Тој оценува дека расчистување на најопасните карпи над пругата засега е и најповолно решавање на овој проблем.. Ангелов инфрмира дека самата постапка на минирање а потоа и дополнително расчистување на пругата од нови карпи, треба да заврши за два-три дена, а зависно од временските услови и нешто подолго.

Инаку на истото место на овој дел од пругата Стари Град-Мартолци поголеми одрони на тешки  карпи имаше на 28 октомври  2015 година. Тогаш карпите беа отстранети за две недели, но како и сега имаше карпи кои  останаа опасно да се надвиснуваат на пругата и  беа закана по безбедноста на железничкиот сообраќај на овој дел од пругата. Затоа ЈП МЖ Транспорт спроведе иста постапка како што се планира за утре. .

Инаку, засега нема прекин на железничкиот сообраќај од Велес до Скопје и обратно, информираат од Железничката станица во Велес. Тие појаснуваат дека иако поради состојбата со Ковид-19  е намелен бројот на патници, сеуште има луѓе кои се превезуваат, и се претежно велешани кои работат во Скопје.
Next Post

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час, работниците на работа со посебни дозволи

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk