ДОНЕСЕНА е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
МИНИСТЕРОТ Адеми истакна дека проектот „ТВ Училница“ е добра алтернатива и штета би било да се прогласи крај на школската година, затоа Владата, министерството за образование и наука, УНИЦЕФ и граѓаните работеа на идеи и решенија за да се најде сеопфатно функционално решение што нема да штети на напредокот на учениците. До сега неколку школи на неформален начин држеа „далечинска настава“.
СПОРЕД анкетата на НДИ Зоран Заев е омилен политички лидер за 44 проценти од испитаниците (19 % одговориле дека е многу омилен, а 25 % дека е делумно омилен), покажува истражувањето. Значително помалку граѓани, само 25 проценти се изјасниле за Христијан Мицкоски (10% одговориле дека им е многу омилен а 15% делумно омилен).
НА граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица кои се однесени во државен карантин.
ДРЖАВНИОТ инспекторат за труд апелира граѓаните да ги пријавуваат сите евентуални непочитувања на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот на нивните работни места.
БЕЗБЕДНОСНАТА состојба на подрачјето на Дебар и Центар Жупа е стабилна, нема нарушувања на јавниот ред.
ОПШТИНА Карпош од денеска почнува вонредна дезинфекција на станбените згради кои имаат повеќе од осум домаќинства.
АНКЕТА на НДИ: СДСМ и коалицијата со 5 проценти предност пред ВМРО-ДПМНЕ.
МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на корона вирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово. Вкупно дијагностицирани 148.
СВЕТСКАТА здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот корона вирус во САД, кои, според проценките, би можеле да станат епицентар на пандемијата.