СУМАМЕД е единствениот антибиотик што јас смеам да го пијам (алергичар сум).
Во 30 години го имам пиено трипати – во 1991 (а тогаш можеби непотребно, од денешна перспектива, ама тогаш полесно и автоматски препишуваа антибиотици), во 2004 (пневмонија) и 2018 (ужасно воспален корен на заб, невиден оток).
Секогаш со рецепт, секогаш со пробиотици, тинтири, минтири – а и тинтирите и минитирите исто така препишани од истиот лекар што ми го пропиша сумамедот.
Секој лек е и корисен и штетен (па лекарите за секој пациент одделно одмеруваат корист за едно, во однос на штета за друго), но секој лек е штетен ако се пие без потреба.
А со антибиотиците лапкани ко бонбончиња, опасно ја градиме резистенцијата. Бактериите може не се ни створчиња, ама се ептен паметни, како Борги „учат“, и го рекомбинираат генетскиот материјал, стануваат се’ поотпорни.
Веќе дваесетина години се пишува дека сме опасно блиску до границата над која нема да може да се создаде помоќен антибиотик, а бактериите лесно ќе ја преминат таа граница.
Ќе ја преживееме Коронава, и после едноставно ќе не’ збрише некоја супербактерија.
Не се зезајте со Сумамедот на своја рака – така убитачен за бактерии, убитачен е и за секого што го зема без потреба. Не е работата само „дали ќе има доволно за болните“.
Вие лично ќе се самоутепате од заседа ако без потреба пиете толку силен антибиотик.
Памет во глава!
#СедиСиДома и миј тоа рацете и миј тоа паметот од глупи идеи
Фејсбук статус на Јасна Шоптрајанова