ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штипскиот доктор со потресно обраќање: За конечно да престанат лагите што нѐ трујат и нѐ дискредитират!

Во сеќавањето на моето семејство и мојата фамилија, ќе останат телефонските јавувања, коментарите на сите социјални мрежи, нивните статуси, кои не беа и сѐ уште не се лесни за мојата фамилија и на крајот, за мене. Без разлика на сѐ, јас и понатаму сум доктор на сите граѓани и повторно апелирам, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ И ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ И СПЛОТЕНИ, зошто само така ќе излеземе од оваа за нас тешка состојба! - напиша д-р Сашко Николов од Штип, кој беше мета на јавен линч.

March 24, 2020 05:46
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Драги сограѓани и сонародници,

Со оглед дека делиме иста мака, но пред сѐ и поради мојата одговорност, што како доктор ја имам пред моите пациенти, пред моите штипјани, сакам со Вас јавно да споделам детали од изминатите денови, кои за мене и моето семејство беа исклучително тешки.

Како доктор, како што налага докторската професија, речиси секојдневно бев во контакт со пациенти кои доаѓаат во КБ Штип, а со тоа бев и изложен на ризик да стапам во контакт со пациенти заразени со коронавирус.

За жал, не се сеќавам дека во тој период некој напиша или јавно покажа загриженост дека овој човек, овој доктор, татко и сопруг, кој работи за нашето здравје, може дома да донесе и пренесе вирус. Поддршката ја имав од мојата сопруга за цело време додека бев ангажирам секојдневно по 12 часа на ден, па и преку викендите.

До сега не реагирав и не напишав апсолутно ништо, бидејќи чекав да пристигнат резултатите од корона тестот. Не се грижев за себе, туку најголема грижа беше мојата 2.5 годишна ќерка и мојата сопруга. Чувствувам одговорност со Вас да ги споделам сите детали, за конечно да престанат лагите коишто секојдневни нѐ трујат и имаат за цел, да нѐ дискредитират и како професионалци и како луѓе!

Фактите се следни:

1. Моите блиски луѓе, кои беа затекнати на одмор во Копаоник, Р.Србија, се вратија веднаш кога властите во Р. Србија, објавија вонредна состојба.

2. Уште пред да тргнат, стапивме во контакт и ЈАС им дадов инструкции, дека кога ќе се вратат дома ќе бидат во изолација. Без приговор истото го прифатија.

3. Истиот ден ги известив и епидемиолозите во Штип, а тие ги известија колегите во Скопје и дадоа препорака дека според СЗО, Р. Србија не спаѓа во критичните земји и за сите што доаѓаат од тој регион, нема мерки за изолација!!!

Она што е важно е дека и покрај ваквиот одговор, моите блиски луѓе, ме послушаа и само што се вратија од патувањето, останаа во домашна изолација до денешен ден. Одлучија на свој трошок да направат тест за коронавирусот и лично јас, како доктор, на 20.03, со соодветна заштита на рацете и лицето (истата таа што ја имам и додека ги прегледувам болните во КБ Штип), им земав брисеви и ги испратив на тестирање.

4. Откако пристигнаа резултатите, веднаш стапивме во контакт со Центарот за Јавно Здравје, каде во детали се дадени горе напишаните информации.

5. Сите членови од нивниот дом, според препораките на СЗО, се ставени во домашен карантин, под посебни мерки.

Јас, мојата сопруга и мојата 2.5 г ќерка, не сме опфатени под ниедни мерки, зошто не сме ни имале контакт со истите.

Мои драги сограѓани,

Одговорно тврдам, дека од нивното пристигнување во Штип, до денес, никој од нив, дури ни малото детенце, немале контакт, ниту со мене, ниту со мојата сопруга, ниту со мојата ќерка.

Но, сепак воден од мојата професионална одговорност како доктор, ЈАС САМОИНИЦИЈАТИВНО, одлучив моето семејство да го ставам во самоизолација, за да спречам недоразбирање, но пред сѐ да спречам немир кај Вас.

ДРАГИ МОИ ШТИПЈАНИ, ДЕНЕС ПРИСТИГНАА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОВИТЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ И СРЕЌНО ОБЈАВУВАМ ДЕКА МОЈАТА ЌЕРКА(НАЈБИТНО), МОЈАТА СОПРУГА И ЈАС, СМЕ НЕГАТИВНИ ЗА ИНФЕКЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ.

Но, за жал, во сеќавањето на моето семејство и мојата фамилија, ќе останат телефонските јавувања, коментарите на сите социјални мрежи, нивните статуси, кои не беа и сѐ уште не се лесни за мојата фамилија и на крајот, за мене.

Без разлика на сѐ, јас и понатаму сум доктор на сите граѓани и повторно апелирам, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ И ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ И СПЛОТЕНИ, зошто само така ќе излеземе од оваа за нас тешка состојба!

Ова е време кога сите треба да бидеме одговорни и за себе, но и за другите. Ова е време кога треба да покажеме солидарност, но и време, конечно да се престане со ширење на лажните вести и собирање политички поени на еден подмолен начин, кој може длабоко да повреди некого.

Јас ќе бидам во секојдневен контакт со Центарот за Јавно Здравје, ќе бидам во контакт со колегите од моето кардиолошко одделение и веднаш штом дозволат условите, се враќам на своето работно место, да се борам против невидливиот непријател, кој ни ги промени животите. Заедно ќе го победиме и само

ЗАЕДНО ќе излеземе посилни од оваа борба.

Ви благодарам за трпението да ме прочитате

Искрено Ваш

Д-р Сашко Николов

 

https://www.facebook.com/sasko.nikolov.50/posts/10221556595327130

Next Post

ЕУ денеска формално одлучува за почетокот на преговорите со Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk