ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тројца вработени од МВР позитивни на Ковид 19, не биле теренски ангажирани

Пристигната е пратката пасоши и континуирано се работи на нивно изготвување.

March 24, 2020 20:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи се заболени од коронавирусот. Едниот е полициски службеник во ПС – Бит пазар, вториот е од крим техника и третото лице, кое е денеска потврдено, е од оддел за јавни набавки во Министерството за внатрешни работи.

Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата Топ тема на Телма, кој рече дека тие се на болничко лекување и дека не станува збор за лица кои работат на терен.

Со сите лица кои биле во контакт со заболените извршен е разговор и дел од нив се тестираат и од досега тестираните, Чулев рече дека ниту едно не е докажано дека е позитивно на Ковид-19.

Додаде дека со решение сите се во самоизолација, а денеска во координација со Министерство за здравство извршено е интервју од епидемиолог и дезинфекција на просториите во Министерството за внатрешни работи. Претходно, при утврдување на присуство на коронавирусот кај лицето од ПС – Бит пазар, е направена целосна дезинфекција и ПС нормално функционира.

Во врска со мерката за забрана за јавен превоз од и до Куманово, рече дека Министерството за внатрешни работи има задача да го контролира спроведувањето на оваа мерка на Владата и дека доаѓа по препорака на здравствената комисија.

Прашан дали би се вовел карантин и во Куманово, како во Дебар, Чулев рече дека  доколку оваа мерка не даде резултат тогаш сигурно во наредните денови ќе се преземат и други чекори кои ги предлага здравствената комисија.

Соопшти дека се преземени мерки против двајцата полициски службеници кои на социјалните мрежи објавиле непристојни постови со порака граѓаните да останат дома.

-Се работи за крајно неодговорно однесување на двајца полициски службеници и како Министерство за внатрешни работи веднаш и јас лично дадов обврска. Се работи за двајца полицајци во Ѓорче Петров, против нив се преземени соодветни мерки. Едното лице веднаш е суспендирано, а против другото соодветна диспцилинска постапка. Она што ја објавило сликата ќе биде суспендирано, а против другото ќе биде покрената соодветна диспиплинска постапка. Во однос на третото лице кое е од Прилеп и кое не е од МВР, и против него ОВР – Прилеп поднесе соодветна прекршочна пријава за лажно претставување и ќе одговара, рече Чулев.

Пристигната е пратката пасоши и континуирано се работи на нивно изготвување.

Појасни дека лицата кои имаат закажано термин за издавање на пасош, лична карта или возачка дозвола, а поради ограниченото движење на постарите лица, може во најблискиот пункт да отидат и да извршат активностите во однос на издавање на лични документи во периодот во кој тоа можат да го направата, на пример за старите лица до11 часот.

Next Post

21: Вархеји - Преговарачка рамка во јуни, тројца вработени од МВР позитивни на Ковид 19, 70 милиони евра од ЕУ за справување со корона вирусот

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk