ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија нови 54 заразени, претседателот најави масовно тестирање за два дена

Во Србија досега се евидентирани три смртни случаи, од кои два случаи имале тегоби предизвикани од заразата, додека еден пациент немал такви тегоби. Најголем број на заразени во Србија во просек имаат над 50 години, кажа епидемиологот Предраг Кон.

March 24, 2020 16:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминатите 24 часа, од 94 новотестирани позитивни на корона вирусот се 54 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 301 лице, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Златибор Лончар.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во вкупната бројка не се вброени 13 лица кои се излечени од оваа заразна болест, кажа Лончар, кој додаде дека 27 лица се веднаш сместени во болниците во Србија или вкупно во болниците се лечат 152 лица, од кои 21 лице е ставено на респиратор и се наоѓа во тешка здравствена состојба.

-Од нив, осум лица се наоѓаат на лекување на Инфективната болница во Белград, пет се во Ниш, а по четири лица се во Нови Сад и Крагуевац, изјави Лончар.

Според Лончар, со одлука на струката и кинеските експерти, Србија во наредните два-три дена ќе премине на новиот метод на борбата против корона вирусот, за масовно тестирање, што ќе биде овозможено во сите Домови за здравство во Србија.

-Во Србија досега се евидентирани три смртни случаи, од кои два случаи имале тегоби предизвикани од заразата, додека еден пациент немал такви тегоби. Најголем број на заразени во Србија во просек имаат над 50 години, кажа епидемиологот Предраг Кон, кој додаде дека Србија оди во насока сите заразени да бидат изолирани.

На прес конференцијата беше апелирано граѓаните да не го земаат на своја рака лекот хлорикин, бидејќи тој има сериозни контраидикации, како и други лекови, без совет на лекарите.

Согласно вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за агресивен пристап во борбата со корона вирусот, најголемата хала на Белградскиот саем од денес е претворена во болница со 3.000 легла, за сите полесни случаи на заразени пациенти да бидат ставени во карантин.

Вучиќ најави и масовно тестирање на населението на епидемијата на корона вирусот, кое ќе започне најдоцна до четврток.

Next Post

Османи: Успеавме затоа што заслуживме

НАЈНОВО

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

October 28, 2025

Бојан Кордалов за Фронтлајн: Политичките партии сè уште заробени во етничките матрици

October 28, 2025

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk