ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Цапа бара од Владата финансиска поддршка и за бањскиот туризам

Владата мора да даде финансиска поддршка за бањскиот туризам, а со тоа и на нашата компанија, зашто во спротивно се доведува во прашање нејзиниот опстанок и судбината на 250-те вработени.

March 26, 2020 16:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата мора да даде финансиска поддршка за бањскиот туризам, а со тоа и на нашата компанија, зашто во спротивно се доведува во прашање нејзиниот опстанок и судбината на 250-те вработени.

Ова за новинарите го изјави сопственикот на „Дебарски бањи-Цапа“, Меџит Цапа, на испраќањето на дел од затекнатите граѓани во Дебар, поради прогласувањето на кризната сосотојба, а кои беа сместени во бањскиот локалитет во Бањиште.

-Состојбата со коронавирусот не само што не изолира, туку ја парализира и нашата работа. Во месеците април, мај, јуни во нашите капацитети се бараше место повеќе, така што може да се претпостави колку голема е штетата што ја трпиме. По заминувањето од нашите хотели на овие лица, кои се од нашава земја и од странство, ќе ставиме клуч на нашите објекти. Поради ваквата состојба, во прашање се доведува судбината на нашите повеќе вработени, зашто тука егзистенција обезбедуваат над 250 семејства, загрижено рече Цапа.

Во двата локалитета на „Дебарски Бањи-Цапа“ – Бањиште и Косоврасти, кои се светски познати по лековитоста,  годишно престојуваат околу 13 000 гости од земјава и од странство, кои оставаруваат над 90 000 ноќевања.

По приватизацијата во 2004 година, Цапа има инвестирано над 10 милиони евра во осовременување на капацитетите, со што се постигнати европски стандарди и се зголеми бројот на странските гости. Во последните години, од вкупнот број гости дури 60 отсто се од странство.

Next Post

Известувачите на ПССЕ ја поздравија одлуката на Советот на ЕУ да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk