ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Донации од АВМУ, ПСС и други фирми за заштитна опрема за Полицијата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на Министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

March 26, 2020 10:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев потпиша договор за донација во висина од еден милион денари со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски.

Со договорот, што беше потпишан вчера, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари, кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на Министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот.

– Oвој чин на донација од еден милион денари што Министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на Министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество, се вели во соопштението од МВР.

За Министерството за внатрешни работи е значаен овој потег на Агенцијата, не толку заради фактот што, како што велат оттаму, добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила,  PSS (Power Sport System) донираше заштитни маски и средства за дезинфекција за за членовите на Македонскиот полициски синдикат.

Исто така, Македонскиот полициски синдикат соопшти дека Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила PSS е општествено одговорна компанија и уште еднаш ја покажа својата солидарност. Од Синдикатот информираат дека за потребите на МПС продложува процесот на изработка на заштитни маски за лице во Конфекциите ЕАМ од Штип, Кули од Прилеп, Даниел Кристенсен од Кочани, како и Дуки Дасо од Неготино.

– Компанијата ХИДРОС од Скопје, Арис и Бенто ни од Куманово, Sубекс од Виница, Центрар за возила Струга, Анжи од Тетово и останати фирми кои инсистираат на анонимност поради нивната скромност, во овие тешки мигови кога се соочуваат со загуби се одважија и солидарно самите понудија, можеби мала, но за нас како планина голема помош во заштитна опрема и средства за дезинфекција која на полициските службеници на терен ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија, велат од МПС.

Next Post

Промената на договорните кредитни услови ќе се врши брзо и едноставно, електронски, без одење во банките

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk