ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗ: Од денеска нашата земја е една од земјите кои ќе спроведуваат два значајни меѓународни проекта за борба против коронавирусот

Имено, денеска Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19.

March 26, 2020 20:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот, известуваат од Министерството за здравство.

Имено, денеска Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19.

Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со КОВИД 19.

Се работи за мултицентрична програма во која досега се вклучени земји од сите страни на светот меѓу кои: Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

Министерството за здравство е во постојана коориднација со канцеларијата на СЗО во нашата земја, која согласно утрдени услови и критериуми би требало да обезбеди техничка и експертска поддршка за реализација на студијата.

Дополнително, од денеска во рамките на Министерството за здравство започна он-лајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за здравствените работници. Тренингот е развиен од страна на „Project HOPE“ заедно со „Brown University“ од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата.

Со оглед на фактот дека голем дел од здравствените работници во светот се заболени од КОВИД-19, тренингот ќе го следат здравствени работници, со примарна цел да се обучи медицинскиот персонал како пред се да заштити себеси, а со тоа да биде во можност да пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на болеста, контрола на ситуацијата, стабилизација на болните, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој.

На нашиот Клинички Центар, тренингот ќе го следат 20 доктори и 20 медицински сестри, кои стекнатото знаење од експертите од САД и универзитетот ќе го пренесат и на своите колеги, не само во институциите во Скопје, туку и ширум државата, во сите Јавно здравствени установи каде има персонал кој може да дојде во контакт со пациенти позитивни со КОВИД-19.

Next Post

(ВИДЕО) Заев: 200 милиони евра одат за поддршка за стопанството за да ги сочуваме работните места

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk