Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени по Рихтерова скала ги погоди денес Курилските острови близу Русија, и има опасност од цунами на бреговите.
Eпицентарот на земјотресот е регистриран југоисточно од Северо, кај Курилските острови, северно од Јапонија и бил на длабочина од 56 километри.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами информира дека од претходни искуства знаат дека ваквите земјотреси во минатото предизвикувале цунами и до 1000 километри од својот епицентар.