Неексплодирана експлозивна направа од типот кашикара е пронајдена денеска пред затворот во Тетово. Бомбата е пронајдена од вработен во затворот а била оставена покрај неговото возило паркирано пред затворот.
“Денеска (26 март), околу 10,30 часот, вработен во КПУ „Тетово“ во Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Браќа Миладинови“ во Tетово, во близина на оваа установа, каде го паркирал неговото патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, покрај предното лево тркало забележал експлозивна направа (рачна бомба „кашикара“)”, известија од СВР Тетово.
Екипа од СВР Тетово врши увид, а повикани се и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и Единицата за антитероризам на МВР, за подигнување и транспортирање на експлозивната направа. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.