ТЕАТАРОТ е лековит. Ослободува од страв, а ослободен од страв човек живее, се радува, создава, задоволен е. Задоволен човек оди во театар, се вели во македонската порака на актерката Снежана Конеска Руси напишана по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март.
ПОТВРДЕНА е одлуката за почеток на преговори на лидерско ниво во ЕУ. Шефовите на држави и влади на Европската Унија ја потврдија одлуката донесена во вторникот за отпочнување на преговорите за членство во Северна Македонија и Албанија.
КАКО земја-кандидат на ЕУ, ни се отвора пристап и до Европскиот солидарен фонд, истакна Заев. Досега од ЕУ обезбедени се 50 милиони евра за амортизација на социо-економски ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија и 3 милиони евра итни средства за поддршка на Буџетот.
БАНКИТЕ многу скоро со информации на веб-страниците за олеснување на договорните услови за кредитите.
СДСМ со соопштение до јавноста: Обезбедени се бескаматни кредити за компаниите погодени од кризата, време е за солидарност и меѓусебно помагање.
СО чартер летови денеска ќе се вратат затекнатите македонски граѓани од Хрватска и Малта.
ОД недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.
СЛОВЕНЕЧКИ граѓани затекнати во нашава држава со конвој тргнаа назад кон Словенија.
ОБЕЗБЕДЕНИ се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија за услуги на проекти на ОН (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 респираторни машини преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот.
ВИТАЛИЈА донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника.
ГЛАВНИОТ град на Србија, Белград утрово е на прво место по загаденост на воздухот во светот.
ГОЛЕМ дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери.
ПРЕМИЕРОТ на Унгарија, Виктор Орбан најави дека од денеска во земјата ќе биде воведен полициски час, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само поради одење на работа и подмирување на основните потреби.