ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот.

March 27, 2020 10:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да се добие само доколку секојдневно се практикува заедништво и се обезбедува поддршка на секому што е потребна. Во таа насока, медицинските работници сега и во периодот што следува ќе бидат на најистурените позиции во борбата со Ковид-19 и затоа е потребно секој од нас да биде солидарен со нив и да им помогне во секоја можна прилика.

За таа цел, „Виталиа“ донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

– Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба. Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, онака како што најдобро умееме – со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот – велат од „Виталиа“.

Пандемијата со корона вирусот има глобални размери, но нејзините економски ефекти се чувствуваат и на локално ниво, кај секоја компанија и сите граѓани.

– Овие денови и недели сите споделуваме иста судбина и со заеднички сили водиме битка со невидлив непријател. Ситуацијата во која што се наоѓаме е за сите нас непозната, дури нѐ принудува да држиме растојание и од најблиските, само за да го зачуваме здравјето. Додека сето ова се случува, во период кога границите се затворени, а луѓето не можат да комуницираат како во нормални услови, ние се соочуваме со уникатен предизвик – да продолжиме да го правиме тоа за што сме најподготвени, да обезбедуваме здрава храна за корисниците, да помогнеме секаде каде што можеме, но и да ги заштитиме нашите вработени – истакнуваат од „Виталиа“.

Во таа насока, „Виталиа“ се придржува до препораките од Министерството за здравство и од Владата, и ги поздравува сите напори што се вложуваат со цел пандемијата со корона вирусот во нашата земја да има позитивен исход. Со своите активности, како бесплатната достава на здрава храна за лицата над 60 години, компанијата овозможува граѓаните да го минимизираат движењето, особено најранливите категории, да останат во своите домови и на тој начин да помогнат во зачувувањето на најважното – сопственото здравје, како и здравјето на своите сограѓани.

Компанијата истакнува дека проактивноста, како и овозможувањето поткрепа на најангажираните сегменти во борбата со корона вирусот, во овие моменти е од клучно значење. Не само во форма со која што се поддржуваат институциите, туку и преку помагање на нивниот човечки капацитет, бидејќи токму тие луѓе се најдиректно соочени со актуелната пандемија. „Виталиа“, како и досега, ќе продолжи со својот интензивен општествен ангажман, бидејќи одговорноста кон заедницата во која што работи, е еден од најзначајните принципи и мотиви на компанијата.

Next Post

Филипче: Обезбедени се 55 респираторни машини

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk