ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Банките многу скоро со информации на веб-страниците за олеснување на договорните услови за кредитите

Велат дека интензивно работат на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите од Уредбата, која беше донесена од страна на Владата.

March 27, 2020 10:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Деталите како ќе ја спроведат Уредбата за олеснување на договорните кредитни услови банките најавуваат дека ќе ги објават многу скоро. Информациите, како што нè информираат дел од нив, ќе ги споделат на своите веб-страници.

Велат дека интензивно работат на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите од Уредбата, која беше донесена од страна на Владата.

– Комерцијална банка интензивно работи на концептите за репрограмирање на кредитната изложеност на физичките лица и на фирмите кои ги исполнуваат критериумите пропишани од страна на НБРСМ, односно на утврдување на прецизните мерки и начини на комуникација со клиентите со цел да се олесни финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата, велат од банката.

Додаваат дека Уредбата на Владата за олеснување на сервисирањето на кредитите и други задолжувања на граѓаните и фирмите кон банките и штедилниците за време на кризата предизвикана од Ковид-19 сè уште не е објавена во Службен весник, односно сè уште не е стапена во сила и очекуваат тоа да се случи наскоро.

Најавуваат дека во најкус можен рок ќе ги објават сите детали за ова прашање на веб-страницата на банката.

Од Охридска банка, исто така, наведуваат дека следејќи ги мерките на Владата и укажувањата на Народната банка, во овој период работат посветено на создавање услови за олеснување на исплатата на кредитните обврски за своите клиенти.

– Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (Службен весник бр. 76/2020 од 24.3.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, донесена на 28-та седница на Владата на Р Северна Македонија одржана на 25.3.2020 година, Охридска банка во моментов работи во насока на подготовка на соодветна понуда до сите клиенти, со цел да им овозможи надминување на тешкотиите кои би ги имале со сервисирањето на кредитните обврски во време на корона-кризата. Овие олеснувања ќе важат како за физичките така и за правните лица, информираат од банката.

Најавуваат дека деталите за олеснувањата и новите договорни услови ќе бидат објавени наскоро, штом завршат интерните приспособувања на системите на банката.

Понудите за физичките и правните лица ќе бидат објавени на веб-страницата на банката www.ohridskabanka.mk, а исто така ќе биде и прецизно објаснет начинот за постапување во однос на понудите.

Додаваат дека како финансиска институција со одговорност кон своите вработени, кон клиeнтите и кон економијата во целина, веќе имаат воведено низа мерки со кои се обидуваат да понудат низа олеснувања за своите клиенти.

Уредбата со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со кои ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона-кризата, ја донесе Владата завчера.

Уредбата е подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, со цел во текот на вонредната состојба, поедноставно и побрзо да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални тешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Како што наведоа Народна банка и Министерството за финансии, Уредбата овозможува промената на договорните услови за кредитите да се изврши побрзо и поедноставно, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.

Според Уредбата, банките и штедилниците можат да понудат поповолни договорни условии без претходно да имаат добиено барање од засегнатите клиенти, и тоа преку објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката или штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена.

За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица, пак, ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена.

Останува правото на кредитокорисниците да се обратат до банките и штедилниците, доколку оценат дека има потреба од тоа, при што предвидено е тие да можат се обратат електронски или писмено, а одговорот ќе го добиваат преку електронска комуникација.

Во согласност со донесените регулаторни измени, банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат одложување односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период и пониска каматна стапка и сл.

Ова важи за потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн., кредитни картички, дозволено пречекорување (одобрен минус) и кредити на фирмите.

Покрај олеснување на договорните услови за кредитите во банките и штедилниците, граѓанска иницијатива почна петиција за олеснување на условите и за кредити во нефинансиските друшта.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

July 13, 2025

(ВИДЕО) Синер го победи Алкараз за прв трофеј на Вимблдон

July 13, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ливерпул го одигра првиот натпревар по смртта на Жота

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk