ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Идната недела пристигнуваат респиратори, заштитни маски и тестови

Нов регистриран случај заболен од коронавирус е пациентот од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура му бил направен тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Вчера интензивно работел тим епидемиолози, а тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти кои биле во контакт со него.

March 27, 2020 10:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 201 лице во земјава се заболени од коронавирусот. На Клиниката за инфективни болести вчера е испишан еден пациент од Дебар, кој е пратен на домашно лекување во добра општа состојба со два негативни последователни теста, а се очекува да биде пуштена на домашно лекување уште една пациентка од Скопје чии два последователни тестови се негативни. Со тоа досега тројца се излекувани, а тројца пациенти се починати. Најголем број случаи се во Скопје (123), по што следат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

Нов регистриран случај заболен од коронавирус е пациентот од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Капиштец. По неговото враќање во Тетово заради зголемена температура му бил направен тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен за хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Вчера интензивно работел тим епидемиолози, а тестирани се 14 здравствени работници и четири пациенти кои биле во контакт со него.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од следната недела ќе има мобилни тестирања, а Куманово ќе биде еден од првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат.

Во Велес каде веќе се потврдени три случаи, министерот најави зајакнување на епидемиолошката служба со еден или двајца епидемиолози кои ќе бидат испратени во текот на денешниот ден, а следната недела и мобилна екипа.

Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Филипче вчера рече дека добиле одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини кои ги очекуваат на почетокот на април, а следниве денови ќе добијат одговор и од кинеската амбасадата од која побарале донација пред неколку недели.

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу две илјади лица. Сепак, министерот најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи, би била готова во текот на викендов или на почетокот на следната недела.

Според министерот, вонредната состојба и мерките што се воведоа се сосема доволен механизам да се постигне крајната цел, а тоа е ограничување на движењето. Нагласи дека очекува да даде резултат значајното зголемување на часовите на ограничување на движење, односно полицискиот час за време на викендот.

За да се спречи ширење на заразата за викендов ќе важат дополнителни рестриктивни мерки. Во сабота и недела за сите граѓани ќе биде забрането движењето од 16 часот до 5 наредниот ден.

Остануваат да важат и претходните забрани – полицискиот час од  21 до 5 часот и забраната за излегување надвор за постари од 67 години (од 11 до 5 часот) и за помлади од 18 години (од 21 часот до 12 наредниот ден).

Next Post

Потврдена одлуката за почеток на преговори на лидерско ниво во ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk