ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Здравствениот систем е во целосно добра кондиција

Филипче појасни дека работата на клиниките и болниците е реорганизирана и оти функционира системот на ротација. Лекарски експертски тим, според министерот за здравство, секојдневно консултира стручна литература и публикации и гледа кои се опциите, начините што може да се аплицираат кај нашите пациентите со коронавирусот, но има и секојдневни контакти со наши лекари Македонци  во Италија.

March 27, 2020 17:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствениот систем е во целосна добра кондиција и подготвен и за зголемен број случаи на коронавирусот, смета министерот за здравство Венко Филипче.

-Нашиот здравствен систем, на овој начин целосно мобилизиран со резревата на доктори со листата спремна во ситуација на намален редовен програм, пред се тука мислам на анестезиолозите, сестрите кои имаат искуство во одделенијата за Интензивна нега, е во целосно добра кондиција и спремен да ги преземе предизвиците дури и во сценарио на форма на експоненцијален раст на бројот на случаи, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со состојбата со коронавирусот.

Филипче појасни дека работата на клиниките и болниците е реорганизирана и оти функционира системот на ротација. Лекарски експертски тим, според министерот за здравство, секојдневно консултира стручна литература и публикации и гледа кои се опциите, начините што може да се аплицираат кај нашите пациентите со коронавирусот, но има и секојдневни контакти со наши лекари Македонци  во Италија.

-Од таму може многу да се научи, како во однос на мерки, терапевтскиот пристап, па и во однос на некои дилеми посебно кај тешки пациенти, дали е потреба механичка вентилација или не, во кој момент треба да се аплицира, рече Филипче.

Во однос на бројот на заболените медицински лица, која до вчера бил 17, Филипче потенцира дека дел од нив не биле свесни дека имале контакт со заболен, посочувајќи на примери во Скопје, Куманово, како и Кавадарци каде што ќе се испитуваат допрва. Побара повторно од граѓаните односно од пациентите да кажуваат реални и точни информации за нивната состојба. Според него, бројот на заболени медицински лица со коронавирус воопшто не се должи на непочитување на протоколите.

-Во однос на здравствените работници, сакам да кажам дека апсолутната бројка на заболени здравствени работници не е од директен контакт со заболени или од несоодветен пристап. Има здравствени работници кои практично биле во контакт со заболени, дел од нив несвесни дека тоа е ситуација, и друг дел како ова на Кардиологија… Дали некој свесно со знаци за покачена телесна температура, и тоа одел на работа и ќе повторам ќе биде најстрого санкционирано, рече министерот за здравство.

Секоја ЈЗО има наредба да организира проток на пациентите доколку има потреба од изолација.

-Пациентите мора да кажуваат точни информации, апелирам до сите да не прекриваат информации туку да кажуваат како е реалната ситуација, кажа Филипче, кој како пример посочи дека на Инфективната клиника нема ниту еден од мецинскиот персонал заболен од коронавирусот.

За Клиниката за кардиологија рече дека таму работниот процес не е компромитиран и дека после целосна дезинфекција сосема нормално се работи бидејќи тимот е сосема друг.

Next Post

Бислимоски: Воведување на евтина тарифа за струја во текот на целиот ден е неизводливо од економски аспект

Shortcut

Најново

Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk