Партугалија најави дека во период на епидемија на корона вирус ќе им бидат одобрени барањата на сите мигранти кои аплицирале за престој во таа земја.
Сите баратели на азил кои започнаа да аплицираат, сега ќе добијат статус на жители, пренесува Би-Би-Си.
Португалските власти соопштија дека таквата одлука е чин на солидарност во време на криза.
Во Португалија, околу 5.000 луѓе се заразени со корона вирусот, а 100 починаа.