Холандската амбасада со видео честита по повод зачленувањето на РС Македонија во НАТО. Честитки до нашите нови сојузници, велат од Холандската амбасада.
– „Денес е историски ден за иднината на РС Македонија и горд ден за сите нас. Вашето пристапување ќе донесе поголема сигурност на Западен Балкан. Ова е добро за регионот и за Евро-атланската сигурност и со нетрпение очекувам да ги видам триесете обединети знамиња надвор пред седиштето на НАТО“, вели Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во видеото.