За СДСМ граѓаните се секогаш на прво место. Во ова кризно време при основната причина што во првиот момент во лет го прифативме предлогот на министерката Десковска е всушност интересот на граѓаните, изјави Хари Локвенец од СДСМ на денешната прес конференција.
„Огромни се сумите на пари кои на годишно ниво ги добиваат македонските политички партии, баш заради тоа парите од граѓаните да не одат кај партиите кои во овој момент и немаат активности поврзани со нивното дејствување, туку истите тие средства се потребни по однос на солидарност за нашите граѓани.
Тоа е причината зошто го прифативме во старт овој предлог на министерката Десковска. Суштината во овој момент не е предлогот, не е понудата, не е повикот кој го има дадено СДСМ, суштината во ова прашање е всушност неможноста и немањето желба на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицковски буквално да не се откажат од ништо кое би било во интерес на граѓаните на нашата држава“, рече Локвенец.
ДПМНЕ и натаму не се откажува од 1,1 милион евра кои на партијатa и следуваат согласно годишното финансирање на политичките партии.
Партијата на Христијан Мицкоски за тековната 2020 година има милион и 25 илјади евра како партија и уште 91 илјада евра за нивниот партиски центар за аналитика и истражување. Тоа се вкупно 1.116,000 евра.
Со повиците Владата да ги прифати предлог мерките на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски сака да изгради впечаток во јавноста дека СДСМ е неодговорна и дека нема стратегија како да се справи со економската криза, а всушност на дело ја покажува неговата несолидарност.